Од квалификации до триумф – Потапова ја освои првата титула во кариерата

115

Анастасија Потапова ја совлада Вероника Кудерметова со 6:3, 6:1 во руското финале на турнирот во Истанбул со што ја освои својата прва титула во ВТА серијата. Нејзиниот триумф е значаен затоа што мораше да игра квалификации, па преку нив влезе во главниот турнир и сега го освои. Потапова има 21 година, а е пред турнирот беше рангирана на 122 место на светот, а претходно имаше две финалиња зад себе, во Москва и Ташкент во 2018 година. Сега го освои и првиот трофеј и од понеделник сигурно ќе се најде во топ 100 (поточно на 98 место).
А Кудерметова, 29-тата тенисерка во светот го играше петтото финале во кариерата и трето оваа сезона по неуспесите во Мелбурн и Дубаи.
И двете тенисерки нема да можат да учествуваат на Вимблдон затоа што организаторот забрани руски тенисери и тенисерки да учествуваат поради руската инвазија над Украина.

ПретходноНојер донел одлука: Останува во Баерн уште една сезона
СледноАдеми му донесе победа на Динамо во Горица