Судиска анализа на 30.коло во ПМФЛ: Без судиски грешки во Штип!

254

И по ова 30.коло во ПМФЛ, Судиската комисија ги разгледа сите спорни моменти и заклучи дека немало судиски грешки, Посебно ова се однесува на мечот во Штип каде бепе заклучено дека судијата Јован Качевски од Струга, заедно со своите помошници добро си ја одработил својата работа.

Во продолжение ви го пренесувама соопштението на Судиската комисија на ФФМ:


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 30 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе

следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Брегалница – Фк.Шкупи одигран на 30.04.2022 година, анализирани се

ситуациите од 4, 47, 58, 74, 80 и 88 минута

Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Разме Бакрачески и Драган Трпчевски.

4. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница ја имаше во посед топката и шутираше кон голот на Шкупи,

шутнатата топка го удри во градите играчот од одбраната на Шкупи кој беше во просторот од

5,5 метри ,во својот 16- сетник. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, топката го

удри играчот во гради ( не во рака).

47. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница ја имаше топката во свој посед во 16- сетник на Шкупи, во

моментот кога ја додаваше топката кон свој соиграч, топката го удри во рака која беше во

неприродна положба ( широко одвоена од телото) играчот од одбраната на Шкупи. Исправна

одлука на судијата, досудено удар од 11 метри без дисциплинска мерка.

58. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТСУДИЈА ( Досуде удар од 11 метри)

Играч од нападот на Шкупи прими топка на околу 20 метри централно од голот на Брегалница

и тргна кон голот, играч од одбраната на Брегалница почна да го влече напаѓачот пред 16-

сетникот и продолжи два метра ВО 16- сетникот,каде што играчот падна. Исправна одлука на

судијата, досудено удар од 11 метри и дисциплинска мерка жолт картон за влечење.

74. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч на Шкупи ја имаше во посед топката странично од голот на Брегалница и центрираше

кон голот, играч од одбраната на Брегалница направи лизгачки старт за ја да блокира топката,

меѓутоа топката го удри во раката која беше потпрена на земја и во висина на рамото.

Исправна одлука на судијата играта да продолжи, бидејки раката при ударот беше во

природна положба и не го зголемуваше волуменот на телото.

80. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Доделен втор жолт-црвен картон)

Играч од нападот на Шкупи беше во ветувачка акција на околу 25 метри странично од голот на

Брегалница, на него стартуваше играч од одбраната на Брегалница без да игра на топка.

Исправна одлука на судијата, досуден слободен удар и доделен жолт картон кој беше втор за

играчот, автоматски на играчот му беше доделен ЦРВЕН КАРТОН.

88. минута : ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)

ПретходноПокана од Русија: Новак ќе игра на „Турнир за мир“ во Москва!?
СледноСудии за ПМФЛ: Грујоски ќе им суди на “пандевци“ и Шкендија, Ставрев “главен“ на Чаир!