ТИМ И ИГРАЧ НА 30.КОЛО: Блесок на Ѓокиќ против шампионот

234

Се разбира дека кога ќе му дадеш два гола на шампионот, на најдобриот тим сезонава во ПМФЛ, кога ти ќе бидеш „виновен“ за убедливиот триумф од 4:1 против еден таков тим каков што е Шкуп, тогаш тоа се наградува со епитетот – играч на колото. Тоа е Милан Ѓокиќ, напаѓачот на Брегалница,

Покрај него од тимот на „сините“ е и Мартин Стојанов, кој исто така беше стрелец, но на еден гол.

Македонија ЃП ја победи А. Пандев во „Битката за Европа“, па во тимот на колото се Адем, Мишевски и Матеус кој “изнуди“ два пенали за својот тим.

Голманот на гостите Марко Јовановски прими гол од пенал, но затоа одбрани барем три зицери во Ѓорче. Во тимот на колото се и Каракамишев од Тиквеш, Драгарски од Пелистер, Љума од Борец, Босанчиќ од Струга ТЛ и Дориев од Шкендија.

ИГРАЧ НА КОЛО
МИЛАН ЃОКИЌ
Тим: Брегалница
Роден: 12.09.1997 во Лесковац (Србија)
Кариера: Спартак, Челарево, Бачка, Моравац, Златибор, ТСЦ (Србија), Брегалница

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Шпалирот во Штип
Следно„Мајсторка“ ќе решава за шампионот: Работнички израмни на 2:2 во женското финале