Бајрами и Адем – Македонија ЃП: Имаме квалитет да го освоиме трофејот во Купот!

191

Македонија ЃП на утрешното големо финале во Купот се смета за фаворит, и поради фактот што против себе го има Силекс, тим кој што во изминатата сезона играше во втората лига. Сепак „лавовите“ на денешниот прес во пресрет на утрешното финале бр.29 во Купот на Македонија со респект говореа за својот ривал.

Тренерот на “лавовите“ Муарем Бајрами истакна…

Утре не очекува финале, меч во кој ние како Македонија ЃП сме максимално подготвени. Заслужено сме во ова финале, затоа што ги елиминиравме А. Пандев, Шкупи и Струга ТЛ. Имаме квалитет да го освоме трофејот. Максималелен респект за Силекс, кој иако е второлигаш поседува сериозен квалитет. Анализиран е противникот, гледани се повеќе негови мечеви. Силекс е екипа која буквално се прошета во втората лига, има тренер кој е сериозно тренерско име. Имам искуство со освојување на трофејот како играч, сакам сега тоа да го сторам и како тренер“

Бајрами вели дека неговиот тим е подготвен за сите сценарија…

Подготвени сме на се, па и за изведување на пенали. Мислам дека сме подготвени за сите можни сценарија. Јасно е ми е како ќе почнеме и како ќе одиграме. Точно знам од каде ни доаѓа опасноста. Нема да биде лесно. Нема фаворит, Силекс јас го сметам за прволигаш“.

Капитенот на Македонија ЃП, Ермедин Адем, за тоа што очекува на утрешното големо финале посочи…

За нас утре е мечот на сезоната. Секој би сакал да игра на еден ваков натпревар. Силекс е многу квалитен тим. Не случајно се тука. Ние сме подготвени, иако имавме тежок пат до финалето и затоа мислам дека заслужено сме тука. Трофејот е посакуван и по многу години сакаме да го донесеме во Ѓорче“.

ПретходноНА 20.05.2022 ВИДЕОЛОТАРИЈА ПОЧНУВА НОВА НАГРАДНА ИГРА „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОИ“ НА 2WIN.MK
СледноМихаилов и Божиновски – Силекс: Ние сме бранители на пехарот, ваквите мечеви се за уживање!