Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски ќе пристигне на собирот на националниот тим кој е закажан за 28. мај по повод јунските мечеви со болка во зглобот.
Како што дознава Спортмедиа, Ристовски во моментов мора да мирува, а така ќе биде и во следните неколку дена, се до собирот. Потоа ќе се види ситуацијата со неговата повреда, па ќе се одлучи што и како понатаму.
Имаме четири мечеви пред нас, стартуваме против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5. јуни), Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни) од групата 4 во Ц сегментот од новото издание на Лига на нации. Па така, допрва ќе видиме за кои мечеви ќе се одлучи селекторот да го в пушти во оган капитенот Ристовски кој ќе мора да стисне заби, (по којзнае кој пат) и да го поведе нашиот национален тим во нови успеси.