Голден Арт им се заблагодари на Василевски и Димитров

259

Пред последниот натпревар од плеј-офот на првата македонска ракометна лига, капитенот на Голден Арт, Глигор Гајиќ и еден од стандардните првотимци, Давид Даев, со скромни подароци од името на клубот им се заблагодарија на Виктор Василевски и Никола Димитров за нивниот придонес во развојот на клубот.

Василевски изминатите две години беше дел од тимот и учествуваше во пласманот на клубот во Суперлигата, а од следната сезона ќе настапува во РК Охрид, додека Димитров е дел од тимот од јуни 2021 и од следната година ќе настапува во Германија.

ПретходноХајдук со пресврт ја совлада Ријека на Велковски и го освои Купот
СледноСтанојевиќ поднесе оставка на кормилото на Партизан