Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Јасен Петров пред престојниот дуел со нашата репрезентација во Лигата на нации на 2 јуни во Разград, призна дека се надева на голема поддршка од навивачите.
„Се надевам на голем интерес од навивачите. Се надевам дека ќе бидеме поддржани. Ако не си поставиме големи цели, не гледам како ќе растеме како тим. Целта досега беше подмладување на тимот, сега имаме добар спој меѓу искуството и младоста. Дојде време за резултати. Неодамна имавме видео анализа од натпреварот со Хрватска, се надевам дека ги научивме лекциите и на 2 јуни против Македонија ќе играме поинаку. Зборовите што ми паѓаат на памет се агресивни, смели и паметни“, изјави Јасен Петров.
Тој уште еднаш апелираше до навивачите на поддршка во домашните натпревари.