Италијанецот Франческо Бањаја е победник на денешната трка за Големата награда на Италија во Муџело во рамките на Мото ГП шампионатот. Во исклучително возбудлива трка, Бањаја славеше пред Фабио Квартараро, а трет заврши Алеш Еспаргаро.
Актуелниот шампион Квартараро со пласманот на второто место ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Еспаргаро на девет бода. Бањаја триумфираше во трката која ја стартуваше од петтата позиција. На стартот падна на деветтото место, а потоа го започна својот пробив до врвот, каде и заврши по 23 извозени круга. Тој стана само третиот италијанец којс о Дукати триумфирал во Муџело.
ТОП 5 пласманот го заокружика Зарко на четвртото и Безеки на петтата позиција.
Congratualtions all around for @PeccoBagnaia! 🙌
He becomes the third Italian to win for Ducati at Mugello! 🥇#MotoGP | #ItalianGP 🇮🇹 pic.twitter.com/ZMcISV7oUD
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) May 29, 2022