Рафаел Надал дури по пет сета славеше над Канаѓанецот Ожие-Алиасиме и се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос. Шпанскиот ветеран губеше по првиот сет, потоа направи превсрт и поведе со 2-1, сепак, Канаѓанецот го изедначи резултатот на 2-2, а во решавачкиот сет Надал беше подобар со 6-3, а со тоа го доби и мечот во сетови со 3-2.
Надал влезе во четвртфиналето, а таму ќе игра против Новак Ѓоковиќ кој со 3-0 го елиминира Шварцман.
Во четвртфиналето се пласира и Зверев по триумфот над Запата Миралес со 3-0, а германскиот тенисер во 1/4 финалето ќе го чека подобриот од дуелот Качанов-Алкараз.