Филип Николов се врати во Бутел Скопје

98
Десниот бек Филип Николов по три години се враќа во Бутел Скопје. Николов потпиша договор на две сезони со нашиот клуб и ќе формира дуо со Кристијан Давитковски на десната бековска позиција.

Најпрвин сакам да и се заблагодарам на управата на Бутел Скопје за довербата што ми ја пружи како играч. Чест и задоволство ми е што после три години се враќам во тимот кој ми е добро познат, клуб со голем проект и големи амбиции. Во овие три години собрав доста искуство од Суперлигата и сметам дека можам да му помогнам на клубот за уште повеќе победи и успеси. Со поголемиот дел од играчите имам соработувано и сметам дека лесно ке се адаптирам во тимот. Настапите во Европа за мене како играч се многу важни исто како и настапите во Суперлигата и посакувам со Бутел Скопје да оствариме висок пласман во сите натпреварувања, изјави Николов.

Николов потекннува од Велес, а покрај за Бутел настапуваше и за Радовиш и Охрид. Претходно нашиот тим се засили со Стефан Крстевски, а договорите ги продолжија Стефан Стојчевиќ и Владимир Јевтиќ.

ПретходноМакедонските фудбалери во нов поход – почнува Лигата на Нации
Следно„Многу повеќе од фудбал“: Тие нас ВЕТО, а ние на ЕП и бараж за СП!