Стандардниот крилен напаѓач на тимот на Тиквеш во изминатиот период, Иван Ивановски ја продолжи соработката со овој клуб на уште две години, јавуваат од Кавадарци.
Екс македонскиот младински репрезентативец и натаму ќе ја има довербата од стручниот штаб на чело со трнерот Влатко Костов, како и на управата на клубот која за следната сезона има визија за далеку поквалитетен Тиквеш.
Се оди во таа насока, клубот се консолидира, тимот се надополнува со новитети, а што се однесува до атмосферата и публиката, во Кавадарци тоа никогаш и не било тема. Кавадарчани тоа го покажаа на секој дуел од изминатата сезона кога редовно ги полнеа трибините на гратскиот стадион.