Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за баражите за пласма во ВМФЛ. Па така ждрепката сакаше Вардар Неготино да се падне со Караорман, а втората двојка да биде Арсими против Овче Поле.
Победниците од овие два меча во следната сезона ќе играат во единствената ВМФЛ.
Инаку мечевите се закажани за во среда (22 јуни) и тоа со почеток од 17 часот.
Дуелот Вардар (Н) – Караорман се игра на стадионот “Борис Трајковски“ во Скопје, додека мечот Арсими – Овче Поле ќе се игра на стадионот во Ѓорче. Ако резултатот по истекот на 90 минути е израмнет, тогаш веднаш ќе се изведуваат пенали.