Измислена смена на тренерот за да се наштети на Шкупи

2219
На големо изненадување на јаноста во Македонија предмалку наиде информацијата, или пак слободно може да се нарече шпеклуацијата која што ја пренесе турскиот тиражен медиум „Милијет“ а која вели дека тренерот на шампионот Шкупи, Гоце Седлоски е пред смена и дека неговиот наследник е тренер кој во моментов е дел од младинската школа на Фенербахче. Шкупи во моментов се наоѓа токму во Истанбул и се подготвува за настапот во квалификациите за Лигата на Шампионите, па во таборот на Чаирчани оваа шпекулација ја примаат единствено како провокација и ништо друго.
„Во деновите кога се подготвуваме за настап во квалификациските кола од ЛШ се случува обид да се наштети на клубот од одредени структури и “пријатели” на ФК Шкупи. Како директор на клубот најостро ги демантирам сите пишувања од Турски и домашни медиуми за наводни сценарија за смена на тренерот Седлоски. Овие удари силно не мотивираат и ни даваат енергија со која ќе бидеме уште посилни и уште поединствени. Нашите успеси може на некого му сметаат но тие не се случајни„ – изјавува за Спортмедиа еден од првите луѓе на ФК Шкупи, директорот Омер Буњаку.
ПретходноЛацио се пофали со Маркос Антонио
СледноВан Бисака и Вилијамс следни заминуваат од Олд Трафорд