Стефан и Милан Ристовски: Во Словенија ќе има братски дуел!

3900

Интересно. Стефан и Милан Ристовски, нашиот братски репрезентативен тандем, на 1 јули во Словенија ќе удрат еден против друг. И тоа на пријателски меч меѓу Динамо Загреб (Стефан) и Спартак Трнава (Милан).

Не се сеќаваме дека сега брзо играле еден против друг, секако дека тоа ќе биде интересно во секој случај.

Инаку Динамо Загреб од вчера е во Моравске Топлице во Словенија на подготовки, во пваа земја веќе неколку денови е тимот од Словачка.

Да потсетиме дека во јунскиот циклус за нашата репрезентација, поради повреда, двајцата динамовци Стефан Ристовски и Аријан Адеми не беа во составот, додека Милан беше. Против Бугарија постигна и гол.

ПретходноНајавено, па потврдено: Бабунски нов тренер на Победа!
СледноДејвис Куп: Ивановски победи, но Македонија поразена од Молдавија!