Деспотовски и Новевски ќе играат за Македонија

3575

Две големи, огромни засилувања добива репрезентацијата на Македонија до 21. година. Спортмедиа дознава дека од Фудбалската Федерација на Македонија се испратени до ФИФА барања за промена на спортски пасош на Стефан Деспотовски и Влада Новевски, во моментов репрезентативци на Србија кои дадоа зелено светло да ги променат националните бои и во иднина да настапуваат за Македонија.

Многу е важно да се напомене дека своевремено и обајцата настапуваа за нашата репрезентација но во У15, У17 и У19 категориите, за потоа да земат учевство на меѓународна сцена за репрезентацијата на Србија.

Сепак, на инсистирање на ФФМ, и обајцата прават кам бек, и со тоа ја засилуваат Македонија на стоперската позиција (Деспотовски), како и средниот ред (Новевски).

Стефан Деспотовски e 2003 годиште и е капитен на својата генерација во Србија. Член е на Црвена Звезда, со работен стаж во филијалата Графичар. Сметан е за еден од најдобрите играчи на својата позиција и Македонија добива многу со него.

Влада Новевски е стандарден член на Војводина и е 2002 годиште. Има далеку повеќе настапи за Македонија одколку Деспотовски. Со него комплетирањето на документацијата ќе биде малку покомплицирана, но од ФФМ веруваат дека ќе биде се во ред и дека ќе има право да настапи веќе во септември за Македонија.

 

ПретходноДенеска почна првиот регионален фитнес судиски семинар! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноПочина поранешен ракометен репрезентативец на Македонија!