Супер вест за Работнички: Алими почна со тренинзи! (ФОТО)

488

Супер вест за сите во Работнички. Имено Арменд Алими од денеска, од првиот ден на подготовките на “романтичарите“ почна со работа. Познато е дека еден од најдобрите играчи во ПМФЛ во јануари дојде во Градски парк од Шкендија, но пред стартот на пролетниот дел се повреди, па така нема ниту една средба официјална во Работнички. Следуваше операција на тетивата и долга пауза.

Се разбира дека со неговото дефинитивно враќање на официјалните натпревари ќе се почека, но факт е дека тој ќе биде најголемото засилување за Работнички во текот на претстојната сезона.

ПретходноСерафимов нов член на МОЛ Фехервар, унгарскиот тим го сака и Дарко Велковски!
СледноКалц ги ПОСТРОИ „романтичарите“…засега нови имиња се Алексовски, Јанакиевски, Бошковски (ФОТО)