Некој едноставно не знае да ужива, и тој некој се вика Марсело, кој со освоените 25 пехари е најтрофениот играч на Реал Мадрид во неговата историја.
Познато е дека по долги, долги години, Марсело веќе не член на “кралевите“, но уште не си заминал од Мадрид и тоа поради својот син кој игра во младинската школа на “кралевите“.
Викендов се одржува турнир на надежи, учествува и синот на Марсело, но имаше и големо невреме проследено со силен дожд.
И тука е Марсело. Место да ужива тој зеде заедно со присутните да го чисти теренот од вода, само турнирот да се одржи.
Нема што, браво за Бразилецот.