Филип Ивановски е нов голман на Бутел Скопје

158

Досегашниот голман на тимот на Еурофарм Пелистер, ФИлип Ивановски е нов чувар на мрежата на тимот на Бутел Скопје. Тој потпиша договор на една сезона со со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.

Раководоството и стручниот штаб имаат сериозен и професионален пристап кој дава големи резултати, па Бутел секоја година се повеќе расте и се развива и станува клучен фактор во македонскиот ракомет. Со доаѓањето и играњето во овој клуб очекувам да ги покажам и надградам своите квалитети и заедно како колектив да напредуваме уште повеќе. Што се однесува до македонското првенство очекувам борба за врвот, а со тоа повторно излез на европска сцена, додека што се однесува до европските натпревари со добра ждрепка и малку среќа мислам дека можеме и до групна фаза, –  вели Ивановски.

 

 

ПретходноБеретини во „аут“ од Вимблдон поради Ковид
СледноЛевандовски бара трансферот во Барселона да биде затворен оваа недела