Шаќири: Шкендија за двомечот со Арарат ќе биде максимално спремна!

817

Шкендија ги заврши подготовките во Словенија, оние главни што се вели во пресрет на настапот на евро – сцената. По враќањето во Тетово играчите добија два дена одмор, за да потоа се биде подредено за двомечот од 1.квалификациско коло во ЛК против Арарат, на 7 јули дома и една недела подоцна на гости.

Сметам дека одработивме добри подготовки во Словенија. Јас сум задоволен од тоа што го видов, посебно на пријателските средби. Навистина одигравме добро, а ривали ние беа најдобрите екипи на Унгарија, Словенија, БиХ и Хрватска, и сакав да играме со што посилни екипи. Јас како тренер инсистирав на напаѓачка игра, ние да го имаме поседот на топката и во најголема мера успеваме во тоа. Се разбира дека има тука простор за поправање на некои работи, но сепак мислам дека за мечевите со Арарат ќе бидеме максимално спремни“ вели за „Спортмедиа“ Артим Шаќири, стратегот на Шкендија.

No photo description available.

За тоа како се вклопува Влатко Стојановски, за тоа дека Ферхан Хасани игра во врвна форма, но дали ќе има уште нови имиња, нашата фудбалска легенда истакнува…

Стојановски е квалитет, задоволен сум од тоа што го покажа во Словенија, секако дека ќе ни биде големо засилување. За Буба Хасани што да се каже? Па ако тој како капитен не дава тон на подготовките и во играта кој ќе дава. Секако дека сум среќен од тоа како капитенот се однесува, само така да продолжи. Секако дека ќе се засилиме, во моментов сме во преговори со уште тројца играчи. Сакаме да имаме 20-22 квалитетни фудбалери, односно на секоја позиција по двајца. Шкендија е голем клуб, не чека напорна сезона, ќе атакуваме на двете титули и затоа ни треба што поквалитетен тим, тука нема ништо спорно“ заврши Шаќири.

ПретходноШампионот во Серија А добил помалку пари од ТВ права од последниот во Премиер лигата
СледноСкандал: Легендарниот Пике со расистички навреди кон Хамилтон!