Денвер и Вашингтон ја потврдија размената во која нови членови на Нагетс станаа Кентавиус Колдвел-Поуп и Иш Смит, додека во Визардс дојдоа Монте Морис и Вил Бартон. Иш Смит иако имаше најслаба статистика од стие овие четворица во изминатата сезона но е најинтересен во овој трејд поради тоа што стана рекордер во НБА.
Имено, на 34-годишниот плејмејкер Денвер ќе му биде 13-ти клуб во НБА кариерата.
Смит во најсилнат лига во светот игра од 2010 година, а претходно настапуваше за Хјустон, Мемфис, Голден Стејт, Орландо, Милвоки, Финикс, Оклахома, Филаделфија, Њу Орлеанс, Детроит, Вашингтон и Шарлот.










