Јувентус ја одби понуда на Баерн од 60 милиони евра за Де Лихт

162

Баерн Минхен спреми 60 милиони евра за трансфер на дефанзивецот Матијс де Лихт во Минхен, меѓутоа Јувентус ја одбил оваа понуда, пренесуваат италијанските медиуми. Претставници на Баерн на чело со директорот Хасан Салихамиџиќ пристигнале во Торино и разговарале за можен трансфер на Холанѓанецот. Тие понудиле 60 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, но луѓето од Торино одбиле сметајќи дека тоа не е доволно.

Од Јувентус мислат дека можат да извлечат повеќе пари за дефанзивецот, се надеваат на околу 100 милиони евра од Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити или Челзи. Новинарот на „Спорт Италија“ Алфредо Педуља смета дека понуда меѓу 75 и 80 милиони плус уште 10 милиони во форма на бонуси би ги убедила луѓето од италијанскиот клуб да го пуштат фудбалерот.

Инаку Де Лихт се согласил на трансфер во Баерн, дури се договорил за плата од 10 милиони евра по сезона меѓутоа Јувентус не дава зелено светло за трансфер.
Ги чекаме следните чекори на германскиот шампион.

ПретходноПетров оди кај Алушевски на Исланд
СледноБрдаровски: Мора да бидеме мудри, Шкупи оди по позитивен резултат!