Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Тбилиси. Нашите момци по голем пресврт го совладаа домаќинот на ова натпреварување и против Естонија утре ќе се борат за пласман во полуфиналето.
Во меѓувреме по завршување на групната фаза ФИБА традиционално ги објавува кандидатите за МВП признанието. Меѓу нив, очекувано се најде и македонски репрезентативец.
Станува збор за Амар Хот од тимот на Фенис, сите оние кои сакаат да го добие ова признание можат да гласаат на следниот ЛИНК.