ПМФЛ – 2022/23: Османи, Јонуз и Тасевски со свои прогнози за новата сезона во ПМФЛ…

2091

 

По повод стартот на новата сезона во ПМФЛ, “Спортмедиа“ направи анкета со тројца наши познати фудбалски стручњаци.

Специјално за читателите на “Спортмедиа“ Ќатип Османи,Мирсад Јонуз и Жикица Тасевски даваат одговори на следните три прашање:

1-КОИ ЕКИПИ СЕ ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ВО БИТКАТА ТИТУЛАТА

2-КОЈА ЕКИПА МОЖЕ ПОЗИТИВНО ДА ИЗНЕНАДИ, КОИ СЕ ТИЕ ШТО ЌЕ СЕ НАЈДАТ ВО ГОРНИОТ ДЕЛ НА ТАБЕЛАТА

3-ЕКИПИ НА КОИ ЌЕ ИМ БИДЕ НАЈТЕШКО, КАНДИДАТИ ЗА ИСПАЃАЊЕ

 

ЌАТИП ОСМАНИ:

1-Секако дека Шкупи и Шкендија. Според мене шансите се 50-50. На сите им е јасно зошто овие две екипи се главни аспиранти за врвот. Кој ќе биде шампион ќе зависи од многу фактори, пред се важен е стартот, но и тоа како врз нив ќе влијае и настапот во Европа.

2-Многу очекувам од Струга ТЛ,екипа која летово се засили со повеќе квалитетни имиња. Тука е и Брегалница која исто има одличен состав, а не смеме да заборавиме на А. Пандев.

3-Неблагодарно е да се говори на оваа тема,но ако веќе морам тогаш сите останати кои не ги спомнав досега ќе размислуваат и околу опстанокот.

No description available.

 

МИРСАД ЈОНУЗ:

1-Нема дилеми. Шкупи и Шкендија, и јас ќе кажам дека шансите се подеднакви, не бил дал предност никому.Не очекувам екстра квалитетно првенство, но за наши услови овие две екипи поседуваат квалитет, тука нема дискусија.

2-Би ги набројал тука Струга ТЛ, Брегалница и Македонија ЃП.Овие три екипи би можеле да им задаваат главоболки на главните фаворити, овие три екипи според мене би се бореле за оние места на табелата кои водат во Европа.

3-Победа, Силекс, Скопје ќе водат голема битка за спас од најлошото.

No description available.

 

ЖИКИЦА ТАСЕВСКИ:

1-Само Шкупи и Шкендија. Ова се единствените екипи, клубови во ПМФЛ кои поседуваат се што треба за да се дојде до титулата. Се разбира дека не исклучувам изненадувања или сензации, ама чаирчани и тетовци имаат екстра квалитет за наши услови.

2-А.Пандев, Брегалница и Струга ТЛ.Од нив очекувам на ова првенство да му дадат посебен шмек што се вели.

3-На Победа и Скопје ќе им биде најтешко, барем јас така мислам.

No description available.

ПретходноУжасни вести од Белгија: Ердон Даци на тренинг ги скинал лигаментите,следува долга пауза!
СледноПСЖ во непријатна ситуација поради тренерот!