Официјално: Гафури, Садики и Абдула уште една година во Ренова!

189

Раководството на Ренова, односно првите оперативци на “гипсарите“ веќе неколку дена преговараат со играчите на кои им истече договорот. Па така ако со Ален Јашаровски не се најде заеднички јазик, тогаш тројца клучни играчи остануваат и натаму во редовите на Ренова.

Тоа се капитенот Арѓен Гафури, искусниот играч за врска Бурим Садики и дефанзивецот Џелил Абдула. Сите тие ја продолжија соработката со Ренова на уште една година.

Инаку пред два дена “гипсарите“ објавија дека успеале да го ангажираат и Колумбиецот со македонски пасош, Александер Борха.

ПретходноСпортмедиа анализа – Ѓорѓи Христов: Со Пандев и Елмас во нападот!
СледноПСЖ го промовираше Вајналдум