Јуниорките го освоија 7. место на БП во Романија

71

По поразите во групната фаза од фаворитите Србија и Грција, македонските одбојкарки до 19 години немаа сили да се рехабилитираат ниту во натпреварот со Косово за пласман од петтото до седмото место на Балканското првенство во романскиот град Миовени.

Косово славеше со 3:0 (25:21, 25:22, 25:15), а избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ ги одиграа првите два сета многу близу до конечен успех, но на крајот не успеаја да поведат или да израмнат. Коректорката Мери Бошковска со 11 поени беше најефикасна во македонската репрезентација, која со три порази во три средби го освои седмото место на Балканијадата.

Нашите одбојкарки од генерацијата 2004-та и помлади утре нема да играат во Миовени и ќе се вратат во Крушево за да ги одработат завршните подготовки за настапот на Европското првенство во оваа ворасна категорија.

ПретходноВојдан и во следните две сезони во дресот на МЗТ Скопје А.
СледноВардар се пофали со уште четири нови засилувања