Македонскиот интернационалец Ердон Даци се повреди на тренинг поради што мораше да оди на операција. Тој ги скинал лигаментите на коленото и за него сезоната е завршена. 24-годишниот фудбалер игра за белгиски Вестерло, а тимот нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите играчи во престојната сезона.
Даци веќе ја изврши операцијата и порача: „Она што нема да те убие, ќе те направи посилен“.