Александар Васоски е многу блиску до враќање на клупата на Академија Пандев. Стратегот кој ги предводеше струмичани пред заминувањето за Сараево, деновиве треба да одлучи каде ќе ја продолжи својата тренерска кариера. Според информациите тој веќе има отворени понуди од Академија Пандев и од шампионот Шкупи, а има и една понуда од странство. Засега вели, најголема е веројатноста да остане дома.
„Преговарам и со Шкупи и со Академија Пандев. Засега не сум одлучил, но најдоцна до утре ќе донесам дефинитивна одлука“, ни изјави Васоски.
По заминувањето од клупата на Сараево, Васоски е без ангажман.