Арбен Нихиу ќе му биде помошник на Седлоски на клупата на Шкупи

699

Откако вчера стигна изненадувачката вест за враќање на Гоце Седлоски на клупата на Шкупи, денеска чаирчани полека го комплетираат и стручниот штаб кој ќе работи со шампионот во продолжението на сезоната.

Прв помошник на Седлоски по неговото враќање на Чаир ќе му биде Арбен Нухиу. Некогашниот македонски репрезентативец ќе се обиде заедно со Седлоски да ја стабилизираат екипата по кризниот период во кој западна и да го врати на победнички патеки шампионскиот состав од минатата сезона.

Седлоски денеска треба да се врати на тренинзите на Шкупи.

ПретходноБарселона го тужи Атлетико (М) и бара итно да и плати 40 милиони евра за Гризман
СледноРепрезентативец на Уганда е ново засилување во одбраната на Брегалница