А. Пандев го потврди Ангелов!

227

Она што „Спортмедиа“ го најави уште минатата недела, како готов трансфер, или враќање, од денеска е и официјално. Имено А. Пандев на своите социјални мрежи потврди дека напаѓачот Виктор Ангелов одново ќе биде нивни играч и дека договорот важи на една година. Инаку колку за потсетување, Ангелов кој некогаш беше еден од најдобрите во нашата млада репрезентација и член на златната генерација која играше на ЕП за млади во 2017 во Полска, во А.Пандев дојде во јануари, потоа во јули си замина, но еве од денеска и официјално одново е меѓу „пандевци“.

May be an image of 2 people, outdoors and text

ПретходноБиХ ќе игра пријателска со Русија!
СледноМундијалот во 2030 ќе се игра и на Балканот!?