Каква одмазда на Силекс за поразот во финалето во Купот од Македонија ЃП. Попладнево во Ѓорче, во меч од 7.коло во ПМФЛ, Силекс со голот на Масевски во 80.минута успеа да победи со 0:1 и со тоа да освои големи три бода со што ја продолжи резултатската криза на “лавовите“.
Од друга страна кратовци и натаму се хит во првенството, со оваа победа и натаму се втори на табелата.
Имено дојде до мешаница пред домашниот гол, тука киксираше голманот Стевковски, а Масевски успеа да го пронајде патот до мрежата на “лавовите“.
Треба да се каже дека од 28.минута домашните поради исклучувањето на Лазаревиќ играа со играч помалку, но имаа шанса и тоа како. Посебно онаа на Стојковски во 65.минута кога ја погоди пречката, па потоа онаа на Ѓурѓевиќ во 32.минута кога Љамалари спаси чист гол.
Убав натпревар за гледање, имаше ритам, имаше и шанси. Силекс некако повлечен, си ја чекаше својата шанса и успеа да ја дочека во финишот на мечот.