Вистинско шоу приреди италијанскиот селектор Џанмарко Пoцеко по завршувањето на мечот со Србија. Италија ја елиминира Србија и се пласира во четвртфиналето, а Пoцеко беше во транс. Од среќа – полуде. Прво славеше со своите кошаркари, па ги изгушка српските кошаркари. Пoцеко во еден момент беше толку среќен што лудуваше во ходниците на салата во Берлин.
Јанис Адетокунбо, најдобриот грчки кошаркар се спремаше за својот меч од осминафиналето, со слушалки на ушите се упати кон теренот. Пoцеко беше во трк и му се фрли на Јанис. Го изгушка, избацува и си продолжи по патот. Јанис остана збунет.
Let’s make this the most viral post of #EuroBasket 2022 pic.twitter.com/HpdufxNtkP
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 11, 2022