Последнопласираниот тим во Серија А, тимот на Монца ќе има нов тренер. Денеска менаџментот на клубот му врачи отказ на досегашниот тренер Џовани Стопа, затоа што клубот во моментов има пет порази во шест кола и само еден освоен бод. Прими 14 гола, и сезаега клубот оди само во една насока, а тоа е испаѓање од Серија А.
На негово место засега ќе биде поставен Рафаело Паладино, кој досега го водеше вториот тим на Монца.
Ова е прва сезона за Монца како дел од Серија А, а секако нејзин сопстеник е некогашниот прв човек на Милан, и премиер на Италија, Силвио Берлускони.