Во Лигата на шампионите, ретки се имињата на ракометари кои успеале да ја минат бројката од 1.000 голови. Тука, на врвот на оваа вечна листа во најсилното европско клупски натпреварување гордо стои името на Кирил Лазаров.
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, иако од оваа сезона веќе е во пензија, сепак ќе биде потребно многу време за да се достигне неговото остварување. Лазаров има 1.363 погодоци, а во посебното друштво кое го сочинуваа со Карабатиќ и Дибиров, од вчера влезе Микел Хансен.
Данецот ја надмина границата од 1.000 голови. Хансен од оваа сезона е член на Алборг, 1000-от гол го постигна во првото полувреме против Целје од седум метри.
1⃣0⃣0⃣0⃣🤩
This may be not @mikkelhansen24‘s most beautiful goal ever… but it is his 1,000th in the #ehfcl! 🥳
62 for @GOGsport; 95 for @FCBhandbol; 98 for #København; 742 for @psghand PSG; 3 (and counting) for #AalborgHåndbold… Just historic!#HandmadeHistory pic.twitter.com/PaV1VLVHYM— EHF Champions League (@ehfcl) September 15, 2022