Познато е дека пред извесно време јавно беше кажано дека општина Аеродром финансиски ќе го помогне РК Вардар, некогашниот двократен европски првак и актуелен шампион на Македонија. Па така сега, како вистински џентлмени, луѓето од клубот јавно, преку своите социјални мрежи, искажаа голема благодарност до општината и пред се градоначалникот Тимчо Муцунски.
“Убаво е кога имаш партнери кои препознаваат што е европски бренд, го поддржуваат квалитетот, и имаат желба да помогнат да се задржат постигнатиот рејтинг и резултатите, па и да се оди чекор напред.
Вие верувате во нас, а ние ќе ви покажеме дека довербата е взаемна.
Општина Аеродром и г-дин Тимчо Муцунски, Ви благодариме!
Одиме напред!“ се вели во соопштението од страна на РК Вардар.