Во сабота со почеток од 15 часот ќе се одигра мечот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш во рамките на 8.коло на ПМФЛ. Струга е лидер со максимални освоени бодови, а Тиквеш направи скок на шестото место по двете едноподруго победи против Шкупи и Академија Пандев. Најдобриот напаѓач на стружани Бесарт Ибраими даде свое видување на мечот.
„Тиквеш е солидна екипа и тоа го докажа на последните два натпревари, остварувајќи две победи над доста сериозни противници, вклучувајќи го и шампионот Шкупи. Сепак, ние како Струга Трим Лум имаме свои амбиции и цели. Седумте последователни победи го зголемија моралот и желбата за победа во тимот.Веруваме во добра стратегија од тренерот кој има голема заслуга за овие резултати и атмосферата која владее во тимот. Ако и на овој натпревар ги следиме наредбите на тренерот, јас верувам дека бодовите ќе останат во Струга“, изјави Ибраими кој досега постигна шест голови.