Дерби во ВМФЛ: Силниот Гостивар ја “мерка“ Воска Спорт!

240

 

Денеска од 15 часот во Г.Речица се игра дербито на 5.коло во ВМФЛ меѓу Гостивар и Воска Спорт.Екипи кои по четири кола се на третата и првата позиција на табелата, екипи кои оваа сезона, посебно Гостивар, имаат големи амбиции и тие тоа не го кријат.

Гостивар откако работите се стабилизираа во клубот,јасно е дека попладнево ќе оди на победа, тука нема дилеми. По имиња најквалитетниот тим во Лигата сака токму против лидерот да покаже кој е кој, да покаже колку вреди.

Секако дека ова ќе биде важен меч, но не и пресуден за текот на сезоната.Од друга страна овој меч треба да покаже по која патека ќе се движи фаворитот и најквалитетниот клуб во ВМФЛ, сезонава.

Во изминатите четири кола, Гостивар победи во три наврати и еднаш одигра нерешено, Воска Спорт пак има четири од четири, ама против екипи против кои искрено и се очекуваше да победи.

Во случај на триумф тимот на Гостивар ќе избие на лидерската позиција на табелата во ВМФЛ, барем до утре кога се играат сите останати мечеви од 5.коло во оваа конкуренција.

ПретходноМулти Есенс дебитира во прволигашкото друштво
СледноСкариоло: Игравме со ма*иња!