ПМФЛ: Дербито на Чаир, Кавадарци е спремно за “пиратите“, фудбалски празник во Прилеп!

368

Попладнево од 15 часот се играат три натпревари од 9.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде на Чаир, каде шампионот Шкупи го дочекува тимот на Силекс. Кратовци се големото и пријатно изненадување во досегашниот дел од сезоната, тие се втори и затоа на шампионот нема да му биде лесно да дојде до трите бода и да им се приклучи на водечките екипи на табелата.

Во Кавадарци гостува тимот на Скопје. Ова е еден од оние мечеви кои Тиквеш мора да ги добие. Кавадарчни се во добра форма и ако одново “проработи“ Нгоба нема да имаат проблеми со “пиратите“.

Во Прилеп пак фудбалски празник. На гости на Победа и доаѓа Шкендија, една од најсилните наши екипи. Домашните фанови посакуваат нова сензација, нов добар резултат.

Ќе видиме дали младиот состав на стратегот Бобан Бабунски ќе има сили да дојде до него.

Вчера Работнички ја победи Брегалница среде Штип со 1:3, додека Македонија ЃП одигра 1:1 против Струга ТЛ со што ја сопре страшната победничка серија на стружани.

ДВОЈКИ ЗА 9.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

ШКУПИ – СИЛЕКС

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА

ТИКВЕШ – СКОПЈЕ

ВЧЕРА:

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 1:3

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 1:1

А.ПАНДЕВ (СЛОБОДНА)

ПретходноБитка за Манчестер: Сити против Јунајтед, Халанд против Роналдо, фудбал за мерак!
СледноНовиот формат на Лигата на шампионите ќе создаде вистински хаос во Англија