Денеска на Чаир се играше дуел во кој имаше многу интензитет, тензија, прекини и напнатост. Како на терен, така и на трибините. Шкупи и Силекс си ги поделија бодовите, и секој оној кој што го гледаше овој дуел ќе каже дека тоа е реален развој на настаните. Домаќинот имаше свои моменти, но имаше и Силекс, па мечот лесно можеше да замине во било кој правец.
По завршувањето на истиот уште малку тензија, интервенција на полицијата, но на крајот се се заврши како што треба. Силекс благодарение на тоа, како добар гостин ја остави соблекувалната за „чиста десетка“ онака како што доликува на некогашен шампион на Македонија и очигледно кандидат сезонава за највисок пласман.