Во еден од најинтересните мечеви во 11.коло, секако најубав за гледање, оној на Арената одигран во саботата, Шкендија како гостин го победи Работнички со 2:4. Голема, значајна победа на тетовци кои и натаму се во “игра“ за титулата оваа сезона. Сепак треба да се каже дека тетовци во финишот играа со два играчи помалку, во периодот кога се решаваше победникот.
Токму затоа Ќатип Османи, трофејниот тренер на Шкендија според „Спортмедиа“ е тренер на ова коло.
И дефинитивно, со враќањето на Ќато се врати и победничкиот менталитет на Шкендија. Од авион се гледа дека во последните неколку кола, откако тој се врати во клубот, Шкендија е нешто сосема друго.