Кике Сетиен за ситуацијата во Барса: Го очекував тоа, тие се уште ми должат пари

575

Шпанскиот тренер Кике Сетиен неодамна го замени Унаи Емери во Виљареал. Искуснниот стратег беше на кормилото на Барселона каде не се прослави па доби отказ.
Тој вели дека не е изненаден од ситуацијата во која се наоѓа Барса. Тоа го почувствувал уште додека бил нивен тренер.
Барселона заокружи одличен циклус и сега мора да почне од почеток. Ќе треба да помине низ тежок период за повторно да биде онаа старата. Инаку, не сум изненаден од ситуацијата во Барса, всушност ја очекував. Да откријам нешто, тие се уште ми должат пари“, изјави Сетиен.
Инаку тој беше ангажиран од Барселона во јануари 2020 година, а во август истата година по дебаклот од Баерн Минхен со 8:2 во 1/4 финалето на ЛШ доби отказ.

ПретходноЕ.Пелистер со планираните бодови против Скопје 2022
СледноTwingo Cup викендов се вози на патеката Монца во Италија