Макс Верстапен има вкупно три победи на ГП на Мексико, но никогаш не стартувал од пол позицијата на патеката „Херманос Родригез“. Светскиот шампион беше најбрз во квалификациите со време од 1:17.775. Втор ќе стартува Џорџ Расел кој заврши со 0.304 стотинки задоцнување во однос на Холаншанецот, а го победи тимскиот колега Луис Хамилтон кој ќе стартува од третата позиција.
Од четвртата позиција ќе стартува љубимецот на мексиканската публика, Серхио Перез. Петтото место му припадна на Карлос Сајнц, а шестото на Валтери Ботас.