ПМФЛ: Силекс против забревтаната Шкендија, Шкупи на гости во Ѓорче, Работнички сака да ја продолжи мизеријата на “пандевци“…

348

 

Денеска од 13 часот се играат сите пет натпревари од 13.коло во ПМФЛ. Најинтересно се очекува да биде во Кратово каде во дербито се среќаваат Силекс и Шкендија. Тоа е дуел на четвртиот и вториот на табелата, дуел на екипи кои во последно време играат добро. Посебно импресивна е Шкендија, која на досегашните пет гостувања има и пет победи, максимален учинок имаат тетовци. Па затоа со право се прашуваме дали Силекс ќе може да ја сопре оваа серија на Шкендија.

Во Ѓорче гостува Шкупи. Тоа ќе биде скопска пресметка, си имаат свои амбиции и двете екипи, во секој случај ќе биде супер интересно во битката меѓу Ѓорче и Чаир.

Работнички гостува во Струмица кај очајните “пандевци“. Имено А. Пандев веќе два месеци не знае за победа, од аспирант за највисок пласман сега тимот на Васоски е на претпоследната позиција на табелата.

Струга ТЛ ја дочекува Брегалница со надеж дека ќе ја запре мини – серијата од три натпревари без победа.

Во Кавадарци гостува Победа, тимот кој во последните неколку кола е хит. Да, Тиквеш е фаворит, но фаворити беа и сите други кога играа против прилепчани па остануваа без бодови.

Тимот на Скопје во ова коло е слободен.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

ТИКВЕШ – ПОБЕДА

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА

А.ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

СКОПЈЕ (СЛОБОДНО)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 25, Шкендија 22, Шкупи 21, Силекс 21, Тиквеш 16, Брегалница 15, Македонија ЃП 12, Победа 11, Работнички 11, А. Пандев 8, Скопје 5 бодови…

ПретходноМакедонските каратисти со историски резултат на Светското првенство во Турција (ФОТО)
СледноПресврт: Македонските куглари во последен момент се пријавија за учество на Светско првенство!