Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп зборуваше за претстојниот меч со Наполи во ЛШ кој доаѓа веднаш по поразот од Лидс на „Енфилд“ со 1:0. Голот падна во финишот, а „црвените“ уште еднаш се посрамотија после оној дебакл од Нотингем Форест.
На прашањето дали новиот пораз односно голот на Лидс го разбудил ноќеска и го натерал да размисли што се случува со тимот и дали треба промени нешто, менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп одговори:
„Имам 55 години, преку ноќ неколку пати одам во тоалет. Обично затоа се будам навечер, но овојпат ќе кажам ДА, голот на Лидс ме разбуди“, изјави Клоп кој предизвика смеа во прес-конференцијата.
🗣️ “I’m 55, I go a couple of times a night at the toilet. That’s why I wake up usually but in this moment, the Leeds goal woke me up.”
Jürgen Klopp on waking up during the night thinking about goals against Liverpool. 😂 pic.twitter.com/Ps4JBtWHS8
— Football Daily (@footballdaily) October 31, 2022