Добри вести на Олд Трафорд, Марсијал се врати на тренинзи

92

Откако пропушти шест мечеви поради поведа на грбот, францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал се врати на тренинзите. Повредата е минато, терапијата е успешна, и тој му се стави на располагање на тренерот Ерик Тен Хаг.

Од друга страна пак, она што исто така треба да ги израдува навивачите на Јунајтед се се погласните шпекулации дека Маркус Рашфорд ќе потпише нов договор и ќе и нема да си замине од клубот како што се најавува подолг период. Неговиот актуелен договор завршува на лето, Босмановото правило вели дека тој во декември веќе ќе може да преговара со потенцијалните заинтересирани, но според инфорамциите од Олд Трафорд тоа нема да биде потребно.

ПретходноМекгрегор се избричи и изгледа фантастично
СледноНапаѓачот на Пабло Мари призна: Да, сакав да го нападнам токму фудбалерот