Еден Азар дојде во Реал Мадрид во јули 2019 година, Челзи за него наплати околу 110 милиони евра.
Премиер-лигата ја напушти како еден од најдобрите, во последната сезона со Челзи имаше учинок од 16 гола и 15 асистенции на 37 натпревари. А потоа имаше проблеми со повреди и со незалагање на тренинзите.
Сезонава 31-годишниот Азар повеќето натпревари ги следи од клупата – само во белгиската репрезентација игра малку повеќе време. Намерата на Реал е да го продаде крилниот напаѓач, а англиските и шпанските медиуми пренесуваат дека Астон Вила е заинтересирана да го доведе Белгиецот уште овој јануари.
Вила, која неодамна ја презеде Емери, е подготвена да го врати Азар на Островот. Еден има договор со Реал до 2024 година, се уште не е јасно дали прво би бил на позајмица, па дури потоа да биде откупен.
Клубот од Бирмингем се бори за опстанок во ПЛ, има само бод повеќе од Лестер кој е во опасната зона.