Манчестер Јунајтед сака да ја обезбеди долгорочната иднина на Маркус Рашфорд на „Олд Трафорд“ пред крајот на годината за да го спречи интересот на европските гиганти за него ова лето. Напаѓачот влезе во последните осум месеци од договорот и Јунајтед или ќе му понуди нови услови или ќе ги активира дополнителните 12 месеци од неговиот сегашен договор, бидејќи Рашфорд ќе може да започне официјални разговори со други клубови од 1 јануари.
Во текот на летото агентите на англискиот репрезентативец имаа средба со преставици на Пари Сен Жермен, но „црвените ѓаволи“ беа категорични дека напаѓачот не е на продажба. Рашфорд наполни 25 години во понеделникот, откако го прослави својот 100-ти гол за Јунајтед во неделата.
Јунајтед може да го активира 12-месечното продолжување кое е вклучено во повеќето договори на нивните играчи. Ова ќе им купи време да преговараат за нов договор следната година.