Ќатип Османи: Шкендија против “пандевци“ ќе мора без Бејтулаи и Дита!

161

Во недела под Шара, на Градскиот стадион во Тетово, во меч од 14.коло во ПМФЛ, екипата на Шкендија ја дочекува А. Пандев. Есктремно важен меч и за двете екипи. За тетовци во битката за врвот на табелата, досека за струмичани да почнат да бегаат од дното на прволигашката табела.

Во пресрет на овој меч, а во врска со играчкиот кадар на својот, свој коментар има Ќатип Османи, стратегот на Шкендија:

За жал на овој меч нема да можеме да сметаме на двајца клучни играчи, Егзпн Бејтулаи и Бруно Дита. Првиот се жали на повреда, но како што се очекува следната недела ќе почне со тренинзи, додека вториот е под суспензија од картони. Сите останати ќе бидат во комбинација“ истакна Османи.

Кога сме кај другите, да кажеме дека во минатите десетина дена, Шкендија им ги раскина договорите на Вондра и Вагнер, па така до крајот на оваа полусезона ќе мора и без нив.

ПретходноНекогашната вардарка по ЕП најави повлекување од репрезентацијата на Црна Гора!
Следно„Го сакаме Нејмар, а Роналдо може да дојде кај нас, но ќе седи на клупа“…