Саутемптон му врачи отказ на Хасенхутл

153

Саутемптон попладнево соопшти дека му врачи отказ на досегашниот менаџер на тимот, Ралф Хасенхутл.

Управата на клубот сакаше да ја одложи одлуката за судбината на Хасенхутл до паузата поврзана со Светското првенство во Катар, но денешниот пораз дома од Њукасл ја прелеа чашата. Се очекува Саутемптон со нов тренер да го одигра следното коло од Премиер лигата со Ливерпул.

Претходно беше објавено дека Доменико Тедеско би можел да го преземе англискиот клуб.

ПретходноЈанески не можеше сам: Пелистер се извлече кај Куманово
СледноОткако преживеа напад со нож: Пабло Мари се појави на трибините во Монца