Пелистер брзо го урна отпорот на дебитантот!

77

И Пелистер во победничка атмосфера ќе го дочека вториот „балон“ во АБА 2-лига. Битолчани го запишаа петтиот триумф во Првата лига, откако на домашен терен го совладаа дебитантот Чаир 2030 со 91-70 во рамките на шестото коло,.

По изедначената игра во првата четвртина (23-23), избраниците на Марјан Илиевски дуелот го решија во следните два периоди. На одморот заминаа со предност пд 38-33, а веќе по третата четвртина водството стана двоцифрено 70-50.

Последните десет минути од мечот беа чиста формалност, Чаир беше немоќен, а поразот број четири во дебитанската сезона неизбежен.

Хаџифејзовиќ со 24 поени и 6 скока беше прв стрелец, зад него беше Караџовски со 15 поени, во редовите на гостинскиот тим Мохамед имаше 26 поени.

ПретходноМилевски: Не изгледавме добро, повторно проблем е реализацијата
СледноОваа Македонија може и МОРА подобро! (ФОТОГАЛЕРИЈА)