За денеска од 13 часот закажани се сите пет мечеви од 17.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Струга каде домашната Струга Трим Лум во случај на триумф над А. Пандев и дефинитивно ќе стане есенски шампион, може и со реми според некои комбинации. Од друга страна на “пандевци“ веќе почна да им “гори“ и не смеат веќе да губат бодови во серија.
Во Прилеп на мечот Победа – Скопје ќе “врие“. Ова е дуел на двете последни екипи на табелата, и двете не смеат да си дозволат пораз. “Пиратите“ се во налет, додека Победа по тринеделниот штрајк си има и тоа како проблеми.
Реално дербито се игра во Кичево каде силите ќе ги одмерат Шкупи и Брегалница. Две квалитетни екипи кои жестоко ќе се борат за победата. Македонија ЃП и Шкендија ќе бијат битка во Ѓорче, и тука ништо не се знае иако тетовци досега оваа есен на гости играат подобро отколку дома. “Лавовите“ пак и дефинитивно се во криза.
И во Кавадарци домашниот Тиквеш го дочекува Силекс, и двете екипи важат за најпријатни изненадувања оваа есен, се очекува одличен натпревар.
Работнички во ова коло е слободен.
Ова е претпоследно коло, следниот викенд завршува есенската полусезона.
ДВОЈКИ ЗА 17.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
ПОБЕДА – СКОПЈЕ
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
СТРУГА ТЛ – А.ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ (СЛОБОДЕН)
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 33, Шкупи 28, Шкендија 25, Тиквеш 23, Силекс 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија ЃП 17, А. Пандев 12, Победа 11, Скопје 9 бодови…